Економија 03.12.2018 23:06

Катар си заминува од ОПЕК

Катар си заминува од ОПЕК

Катар ќе се повлече од Организацијата на држави извознички на нафта од 1 јануари 2019 година, изјави денеска катарскиот министер зa енергетика Саад Шерида ал-Кааби.

Катар Петролеум каде Ал- Кааб е шеф, објави на Твитер дека ОПЕК биле известени за напуштањето.

– Одлуката за напуштање одразува желба на Катар да се фокусира на своите планови за развој и зголемување на производството на природен гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во следните години, изјави министерот.

– Катар е горд што е на чело на меѓународните производители на природен гас и затоа што е најголем извозник на ЛНГ, најчисто фосилно гориво кое на Катар и овозможи силна и еластична економија, нагласи Ал-Кааби.