Актуелно 28.05.2018 16:30

Катастрофално неработење на владата – Реализацијата на капиталните инвестиции под 11 % во првите 4 месеци од годината

Катастрофално неработење на владата – Реализацијата на капиталните инвестиции под 11 % во првите 4 месеци од годината

Според извештајот објавен на страната на Министерството за финансии за извршување на буџетот за првите четири месеци вклучилтелно со април капиталните трошоци изнесуваат 10,91 % што е катастрофално малку.

Овие податоци индицираат дека владата не работи и не ги инвестира парите во капитани проекти кои се круцијални за развојот на една држава како долгорочно така и краткорочно односно имаат влијание врз градењето на Бруто домашниот производ. Имено, со вложување во капитални инвестиции и проекти се потикнува градежништвото кое повлекува повеќе други стопански гранки и стимулира раст на економијата. Според неодамнешните податоци кои ги имаше објавено Држвниот завод за статистика градежниптвото е во сериозен пад. Така , според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Дополнително, според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Ваквите катастрофални резултати на владата сериозно ја коштаат македонската економија велат експертите. Македонија лани имаше катастрофален раст од  0 % на БДП кој беше најслаб во Европа и регионот. Експертите се загрижени дека со вакво катастрофално темпо и динамика на реализација на капиталните инвестиции македонската економија нема светла иднина. Економистите коментираат дека плановите и фалбите на оваа влада се големи но дека реализација на проекти нема како што и покажуваат бројките.

И додека капиталните инвестиции изостануваат задолжувањата вртоглаво растат. Експертската јавност  во неколку наврати предупредуваше дека доколку продолжи вака слабото работење на владата нема да се постигнат проекциите за БДП во 2018 но дека многу поопасно е тоа што владата паралелно се задолжува неосновано што ја води Македонија по многу опасен пат на економски план. Инаку владата најави поголема реализација на капиталните инвестиции но ништо од ова не се оствари.