Актуелно 23.09.2018 16:08

Катица Јанева: На 30-ти нема да правам ајвар, ќе гласам на референдумот

Катица Јанева: На 30-ти нема да правам ајвар, ќе гласам на референдумот

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 30 – ти септември нема да прави ајвар туку ќе гласа на референдумот.

Во интервју за Алсат М телевизија објаснува дека станува збор за исторски момент. Јанева освен за референдумот зборува и за двата извештаи на СЈО – едниот за нивната работа а другиот наменет за судиите и нивното несовесно и неморално постапување.

– Тоа е моја должност, како и на сите избори, така и на овој референдум. Секој граѓанин треба да го исполни своето лично право. Ова е историски момент. Јас лично ќе излезам и ќе гласам – вели таа на прашањето дали ќе прави ајвар на 30 септември, односно дали ќе бојкотира, или пак ќе се изјаснува по прашањето во врска со прифаќањето на договорот со Атина.