Актуелно 26.09.2018 22:55

Кина бара начини за зајакнување на дигиталната економија

Кина бара начини за зајакнување на дигиталната економија

Кинеската Национална комисија за развој и реформи (NDRC) има намера да помогне со дополнителни средства за развој на дигиталната технологија во земјата, велејќи дека секторите , како големите информатички низи и вештачкиот интелект ќе се претворат во основните фактори при отворањето на нови работни места, соопштува „Ројтерс“.

Кинеската економија е во екот на долгорочно реструктуирање, при што се забележува пад во некои индустрии и појавата на претпријатија со повисока вредност, кои произведуваат роботи и дронови.

„Кина ќе го промовира развојот на дигиталната трансформација во традиционалните сектори, принудувајќи повеќе работници да менуваат работните места и да го подобрат квалитетот на вработувањето“, изјавија претставници на „NDRC“.

Во последниве месеци кинеската влада и агенции, како „NDRC“ ја потврдија својата посветеност кон долгорочен развој на земјата, што Пекинг го гледа како средство за дистанцирање од зависноста на државата од трговијата и други надворешни фактори.

Ескалацијата на трговскиот конфликт со САД, кои се најголемиот трговски партнер на Кина, фрли сенка врз среднорочните изгледи за раст на азиската земја и предизвика несигурност за милиони кинески работници. Локалните државни медиуми го обвинија Вашингтон за употреба на трговијата за да го потисне развојот на Кина.

Земјата, исто така, има намера да привлече странски директори за зајакнување на иновациите во својата дигитална економија, која се зголемува за 18 отсто на 26 илјади милијарди јуани ( 3.8 илјади милијарди долари) во изминатата година.

Стотици милиони кинези користат мобилни апликации, заедно со социјални мрежи, шопинг и видео игри. Во земјата, веќе се користи плаќањето без картички преку „WeChat“ и „Alipay“.

„NDRC“ рече дека исто така ќе ја зголеми финансиската поддршка за да помогне во развојот на нови индустрии, вклучително и преку искористување на пазарите на капитал.

Претходно овој месец, комисијата потпиша договор со кинеската банка за развој да понуди 14,55 милијарди долари финансиска поддршка на дигиталната индустрија.

Се очекува оваа економија, исто така, да помогне да се стимулира земјоделството, како дел од амбициите на Кина за ревитализација на руралните области.