Економија 20.08.2018 13:07

Кина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување на економската стабилност

Кина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување на економската стабилност

Кина ги поддржува напорите на турската влада за зачувување на безбедноста и економската стабилност на земјата и изрази уверување дека официјална Анкара ќе ги надмине своите „привремени потешкотии” со кои се соочува имзинатиов период, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

Ванг Ји пораката телефонски му ја пренел на тускиот колега Мевљут Чавушоглу, а информацијата ја потврди и кинеското Министерство за надворешни работи.

Пораката на Кина следува откако турската лира веќе неколку дена бележи пад, по санкциите кои Турција ги доби од САД. По тридневен раст турската лира денеска повторно падна, бидејќи САД се заканија со нови санкции.

Дипломатскиот спор ја засили и загриженоста на инвеститорите.

Претходно денеска за време конгресот на АКП во својот говорот турскиот претседател Ердогансе осврна на последните случувања поврзани со турската економска криза и нагласи дека „некои им се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата, но тие ја увиделе нивната игра и сега ги, како што посочи Ергодан ги предизвикуваат“.

„Нема да се предадеме на оние кои се прикажуваат како наши стратешки партнери, а во секој чекор се обидуваат да нè претворат во стратешка цел“, додаде Ердоган.