Економија 26.12.2018 14:01

Кина презема чекори за привлекување странски инвеститори

Кина презема чекори за привлекување странски инвеститори

Кинеските власти објавија намалена „црна листа“ за странски инвестиции во националната економија.

Весникот „China Daily“ соопшти денеска, цитирајќи го мислењето на кинески експерти дека усвоените мерки не само што ќе придонесат за понатамошно отворање на економијата на Кина кон светот, но и ќе дозволат да биде создадена поволна бизнис клима за странските инвеститори.

Документот, кој беше објавен од Државниот совет за прашањата на развојот и реформите, заедно со Министерство за трговија на Кина, вклучува 151 сектори, до кои странските инвеститори немаат пристап или тој е ограничен.

Во претходната верзија на листата беа вклучени 177 области на активност, целосно или делумно затворени за странски инвестиции.

Во последните години властите во Кина обрнаа особено внимание на отворањето на пазарот на земјата и создавањето на потребните поволни услови за странските инвеститори, посочуваат кинеските експерти.

Според официјални податоци минатата година вкупниот обем на директни странски инвестиции во Кина бил 136 милијарди долари, а во 2016-та година тие биле 134 милијарди долари.