Странските директни инвестиции во Кина се зголемија на 478,33 милијарди јуани (69,7 милијарди долари) во првата половина од оваа година.
Според кинеското Министерство за трговија, ова е пораст од 7,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Само во јуни, странските директни инвестиции во Кина се зголемија за 8,5 отсто на 109,27 милијарди јуани, значителен скок од 63,83 милијарди јуани од мај, се вели во соопштението на агенцијата.