Економија 04.06.2018 15:39

Кинескиот змеј полека ја презема Германија

Кинескиот змеј полека ја презема Германија

Властите треба да се однесуваат внимателно кон стекнување на германски компании од кинески инвеститори, за да може Германија да остане лидер во клучните сектори, посочи водечки институт за студии, цитиран од ДПА.

„Дојде моментот за дејствување. Кина може да не престигне“, рече Мико Хуотари, кој е шеф на програмата за кинеските односи во институтот Merics.

„Ние веќе видовме дека тоа се случува во секторот на соларната енергија. Ова е модел кој може да се повтори многу пати во други сектори како роботиката“, додаде тој.

Со години, експерти во индустријата во најголемата европска економија изразуаат загриженост во врска со аквизициите на кинеските компании кои се насочени кон клучните германски сектори. На пример, во 2016 година германскиот производител на роботи „Kuka“, беше купен од кинескиот инвеститор „Midea“.

Берлин ги зајакна инвестициските правила минатата година за да ги одбрани своите стратешки важни сектори, со оглед на тоа што остануваат загрижени дека кинеските компании можат да се здобијат со германска технологија преку аквизиции.

Според новите одредби, големите набавки од земјите кои не се членки на ЕУ или Европската асоцијација за слободна трговија мора да бидат оценети за да се види дали тие претставуваат безбедносен ризик или национален интерес.

Стратегиската индустриска политика на Кина ја повикува потребата за зголемено внимание, рече Хуотари, истакнувајќи дека Кина не е нормален конкурент.

„Кина користи државни субвенции и големи средства за спроведување на координирана индустриска политика“, рече тој.

Најголемиот германски синдикат „IG Metal“ изрази слична позиција.

„Зад превземањата, Кина има стратешки интереси во клучните германски сектори“, рече членот на советот на „IG Metal“ – Волфганг Лемб.

„Ние мора да ја задржиме водечката улога во високотехничките сектори, како што се инженерстото и изградба на електро-централи, рече тој.

Лемб истакна дека „IG Metal“ станал критичен кон кинеските инвеститори во последните неколку години и додаде дека инвеститорите од Кина веќе не ги спасуваат претпријатија во проблеми со капитал, туку бараат стратешки инвестиции.

Најнови вести