Финансии 09.10.2018 23:08

Ќе успеат ли сите до Нова година: Граѓаните бавно се регистрираат за „персоналецот“

Ќе успеат ли сите до Нова година: Граѓаните бавно се регистрираат за „персоналецот“

Управата за јавни приходи очекува 400.000 граѓани до крајот на годината, а досега во електронскиот систем за персонален данок се пријавиле само нешто над 33 илјади граѓани, или само над осум проценти, велат оттаму.

Според послендите податоци од 33.210 граѓани кои се регистрирале одобрени им се апликациите на 18.750 луѓе, додека за 14.462 постапката е отпочната, а УЈП ги чека да дојдат за се легитимираат за да се прифати нивното барање

„ Легитимирањето е неизбежен момент, заради потврдување на лицето кое се регистрира во системот е-Персонален данок, а заради избегнување на можна злоупотреба на лични податоци. До крајот на оваа година, а врз основа на последната статистика за бројот на поднесени годишни даночни пријави во УЈП, очекуваме  да се регистрираат над 400 илјади граѓани, затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП, велат од Управата.

УЈП реши да ја олесни процедурата за регистрација за пензионерите и за изнемоштените лица, ама засега нема детали какви ќе бидат решенијата. Луѓето кои имале регистрација соУСБ токен нема да треба повторно да се регистрираат.

Регистрацијата е задолжителна за сите граѓани кои имаат какви било приходи.