Финансии 12.06.2018 12:25

ККР ќе ја купи медицинската компанија Енвижн за 5,57 милијарди долари

ККР ќе ја купи медицинската компанија Енвижн за 5,57 милијарди долари

Американскиот инвестициски фонд ККР ќе ја купи компанијата за медицински услуги Енвижн хелткеа
(Envision Healthcare Corp) за околу 5,57 милијарди долари.

ККР, кој е присутен и во регионот на Западен Балкан, ќе плати 46 долари по акција според договорот кој би
требало да биде склучен во четвртото тримесечие.
Вкупната цена ги опфаќа и долговите на компанијата.
Енвижн, со седиште во Нешвил, претходно најави дека ќе ги преиспита своите можности, а денеска
соопшти дека управниот одбор и финансиските советници ја разгледале продажбата и можноста за
самостојно делување. Притоа, оценето е дека договорот со ККР е најдобрата можност за максимизирање
на вредноста на акционерите.
Енвижн дава медицински услуги во одделенија за итна помош, анестезиологија и радиологија. Поседува
повеќе од 250 хируршки центри и болници.