Актуелно 20.07.2018 14:16

Кочан осуден на казна затвор

Кочан осуден на казна затвор

Бизнисменот Сеад Кочан е казнет со затворска казна од шест години од страна на Кривичниот суд Скопје за обвинението во преметот „Труст“.

Истовремено, пресудено му е дека нема право повеќе да биде управител на претпријатието „Трансмет“.

За случајот „Труст“ на СЈО обвинети се бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и уште 2 правни лица за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело судијката Лидија Зимбовска го осуди на три години затвор.

Најнови вести