Актуелно 16.06.2018 02:18

Кочо Анѓушев призна дека странските донесени во време на ВМРО- ДПМНЕ се исклучително добри за Република Македонија

Кочо Анѓушев призна дека странските донесени во време на ВМРО- ДПМНЕ се исклучително добри за Република Македонија

Во вечерашната емисија на телевизија Телма гостуваа поранешниот министер за финансии и актуелен универзитетски професор Трајко Славески и вице премиерот Кочо Анѓушев.

Имено, во емисијата се разговараше за целокупната економска состојба во земјата и за поразитлните бројки кои ги бележи Македонија на економски план како во делот на растот на БДП кој изнесува поразителни 0,1 % така и во делот на слабото привлекување на странски инвестиции во првиот квартал.Трајко Славески истакна дека таканаречениот прилив на инвестиции кој го промовира вице премиерот Кочо Аншушев во првиот квартал е резултат на реинвестираниот капитал на веќе постоечките компании кои работат во Македонија.

Вице премиерот Кочо Ангушев кажа дека инвестициите кои се присутни во индустриските зони се исклучително добри.

– Јас ќе се согласам со господинот Славески да не излезе дека за се имаме различни мислења дека да странските инвестиции кои што дошле во зоните поготово реномираните странски инвеститори како Џонсон Мети, ВанХол, Гентерм и сега да не ги споменувам сите се исклучително добри инвеститори.

Инаку, Македонија го заврши првиот квартал со стагнација од 0,1 % рст на БДП која се трае се од 2017 година односно 5 квартали последователно. Ова многу експерти го отценија како загрижувачки факт поготово што цела Европа и регионот доживуваат економскми бум.