Германски компании се борат со наоѓање на квалификувани работници, бидејќи имаат потреба да го зголемат своето производството, предупреди економски институт IW, оценувајќи дека недостигот на работна сила ја чини економијата некои 0,9 проценти од БДП на годишно ниво.
Германскиот пазар на труд полета, покажувајќи највисоки стапки на вработеност, откако властите почнаа да го следат овој индикатор, забележува Ројтерс.
Дури и ако германските менаџери ги ангажираат сите невработени лица со соодветни квалификации, празни ќе останат околу 400.000 работни места.
Ова значи дека германскиот БДП ќе биде за 0,6 проценти повисок кога компаниите ќе ги ангажираат сите работници што им се потребни, додаде институтот.
Во март, Комората за индустрија и трговија ДИХК предупреди дека недостигот на работна сила може да го поткопа економски раст. Минатата година најголемата европска економија порасна за 2,2 проценти, што беше најсилен раст во последните шест години.