Актуелно 17.09.2018 10:10

Кои се домашните компании што направија профит од 130 милиони евра за пола година?

Кои се домашните компании што направија профит од 130 милиони евра за пола година?

Профитот на 72 друштва чии акции котираат на берзата пораснал за 60 отсто во споредба со лани и достигнал 130 милиони евра. Најдобрите три се банки и тие заедно имаат 55 отсто од профитот на сите 72 компании

Седумдесет и две (72) домашни компании чии акции котираат на берзата за половина година оствариле добивки во вкупен износ од 129,84 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави Македонската берза за хартии од вредност кои можете да ги превземете на овој линк.

Трите најголеми деловни банки: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка се убедливо најуспешните домашни компании во првата половина од годинава. Тие три банки задно имаат добивка од 71,6 милиони евра што е повеќе од половина од нето добивката на сите 72 друштва или поточно 55,14 отсто од целиот остварен профит на котирани компании во првата половина од годинава.

Официјалните податоци од финансиските резултати на котирани друштва ја потврдуваат анализата на „Фактор“ објавена на 27 август во кој врз база на објавени податоци направивме ранг листа на најдобитните македонски компании на која водеа трите најголеми банки. Сега уште еден додатен аргумент за нивната пазарна доминација: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка заедно учествуваат со 55 отсто во профитот што го направиле 72 акционерски друштва чии акции се котирани на берзански пазари. Текстот на „Фактор“ може да го видите на следниот линк Кој ги прави најголемите пари во Македонија?

Од јавните достапни податоци е многу важно да се истакне дека нето добивката на котираните компании годинава е за 49 милиони евра повисока од истиот период лани! За првата половина во 2017 година 72 компании оствариле добивка од 80,84 милиони евра, а годинава таа е за 60 отсто повисока од лани.

Најнови вести