Живот 20.12.2018 22:06

Која е идеалната возраст за совршен секс?

Која е идеалната возраст за совршен секс?

Истражување на една фирма од Атланта, која произведува играчки за возрасни, кое опфатило 1.000 возрасни лица помеѓу 18 и 65 години покажало во кои години луѓето имаат “најдобар секс во животот”.

Некои поранешни истражувања покажуваа дека мажите својот врв го достигнуваат на 18, а жените на 35 години, меѓутоа новите податоци говорат поинаку. Границите се поместени и тоа за жени надолу (26), а за мажи нагоре (32).

Испитаниците одговарале на прашањата: кога ја изгубиле невиноста, во кој период од животот имале најмногу секс и во кој период најмногу уживале во водењето љубов. Истражувањето покажало дека повеќето мажи невиноста ја изгубиле на 17 години, а жените на 16 години. Од испитаните, дури 46 проценти кажале дека “токму сега” уживаат во најдобриот секс. За најголемиот број луѓе, периодот на најдобар секс не се поклопувал со тој во кој имале најчести оргазми. Многу мажи својот сексуален врв го чекале и до 15 години, а жените 10.

“Како и повеќето работи, така и сексот станува подобар колку повеќе го практикувате”, вели експертот за врски и секс Трејси Кокс.

“Потребно е време некој да научи да го контролира својот оргазам, како и мажите и жените да се запознаат со сложените системи по кои функционитраат. Мислам дека многу мажи за “најдобар секс” го сметаат оној кој го имале додека имале најмногу верба во себе како љубовници”.

Трејси не е изненадена што жените својот врв го достигнуваат пред мажите. -Со тоа се урива митот дека на жените им е потребно повеќе време за да ја запознаат својата сексуалност, вели таа.