Живот 16.08.2018 10:26

Која е најчистата земја на Балканот?

Титулата „најодржлива“ земја е доделена откако е утврдено дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори на одржливост.

Обединетите нации 2017-та година ја прогласија за меѓународна година на одржливиот туризамm a земјата која доби најмногу бодови во сите категории и со тоа титулата победник е Словенија.

Поголемиот дел од високорангираните земји имаа околу 80 задоволувачки индикатори. Некои од нив се грижата за околината и климатските промени, биодиверзитетот, културната авентичност и други. Главниот град Љубљана, е прогласен за најзелен град во Европа за 2016-та година.

Наградата е резултат на напорната работа на владата, која воведе низа еколошки мерки и закони. Еден од нив е дека отпадот мора, уште во најраните фази, да се одвојува на пластичен, хартиен и био- отпад. Со тоа е осигурано дека третина од отпадот произведен во текот на годината се рециклира.

Со воведувањето на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење автомобили низ центрите на поголемите градови, Словенците драстично ја намалија емисијата на штетните гасови. Природните гасови се користат за греење на станбените простори. Податоците покажуваа дека околу 500 метри квадратни има по глава на секој градски жител.

Уште една од причините поради кои Словенија ја заслужи споменатата титула е и фактот дека 60 проценти од територијата на оваа држава е покриена со шума. Во земјата има 20.000 видови на животни и билки кои живеат во 40 национални паркови и резервати.