Финансии 26.11.2018 22:29

Словенија во изминатите шест години од приватизации остварила приходи од една милијарда евра

Словенија во изминатите шест години од приватизации остварила приходи од една милијарда евра

Словенија во изминатите шест години од приватизации остварила приходи во висина од една милијарда евра, пишува Seebiz.eu. Поголем дел од тој износ претставува неодамнешната продажба на мнозинскиот удел во NLB, а меѓу подобрите години беа 2014 и 2016, кога се продадени неколку големи компании: Helios, Аеродром Љубљана, Cimos и Нова кредитна банка Марибор.

Искористувањето на парите од приватизација се уредени со посебна законска рамка во земјата. Вкупно 90% од купопродажниот износ влегува во буџетот и се распоредува за исплата на долгови во рамки на законот за јавни финансии, додека за остатокот од 10% е отворена посебна сметка во тамошното Министерство за финансии.

Државниот долг на Словенија на крајот на минатата година изнесуваше 31,8 милијарди евра, но поради економскиот раст што земјата го забележи во последните години, се намалува неговиот удел во бруто домашниот производ.