Мозаик 23.01.2019 01:16

Колегите нема да ви ги кажат овие работи!

Колегите нема да ви ги кажат овие работи!

Можеби мислите дека колегите ви се најдобрите пријатели на работа, но всушност тие многу за тоа и не зборуваат. Еве неколку работи кои нема да ги слушнете од колегата.

1. Присвојување на туѓи заслуги

Можеби во „трката за врвот“ ќе прифатите помош од колегата и на тој начин ќе ја остварите целта, а на крајот сите заслуги ќе си ги препишете себеси. Тоа секако нема да остави добар впечаток за вас и може да го доведе во прашање вашиот интегритет. Колегите тоа можеби нема да ви го кажат директно, но секако ќе зборуваат за тоа меѓу себе. Затоа, иако ви е пружена мала помош, не заборавајте да ги поделите заслугите со личноста која ви помогнала.

2. Вознемирување на колегите   

Дали знаете да бидете напорни и кога се работи за ситници? Разберете дека дури и мала промена во вашиот тон може да доведе до сериозни последици. Некои колеги отворено ќе ви кажат дека тоа им пречи, но многумина ќе премолчат. Истражувањата покажуваат дека вознемирувањата на работа можат да доведат до депресија и други здравствени проблеми. Имајте го тоа на памет доколку на некој начин ги вознемирувате колегите.

3. Романси на работа

Романсите на работа не се никаква новина. Доколку некоја од колешките се пуштила во романса со некој од работа, или дури и со шефот, не очекувајте дека сите ќе зборуваат за тоа. Тоа е добро чувана тајна.

4. Плата

За платите најмалку се разговара меѓу колегите. Иако сте можеби на истата позиција како и вашиот колега, постои можност да сте повеќе или помалку платени. Затоа тоа е тема за која не треба да се дискутира.

5. Облекување

На работа треба да се носи прикладна облека. Премногу слободното или лошото облекување може да ве направи тема на озборување меѓу колегите. Некои можеби и лажно ќе ви го пофалат изгледот, но вам никој нема да ви даде на знаење дека сте неприкладно облечени.

Најнови вести