Живот 30.05.2018 13:02

Колкав е бројот на превезени патници во првиот квартал од 2018 година?

Колкав е бројот на превезени патници во првиот квартал од 2018 година?

Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истото  тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 21.7 %, во  градско-приградскиот превоз е намален за 3.3 %, во воздухопловниот превоз е зголемен за 21.3 %, додека бројот на  превезените патници во железничкиот превоз е зголемен за 29.4 %.

Oва го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е  зголемен за 11.0 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 5.9 %, во железничкиот превоз за 7.0 %, додека во  воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 6.7 %.

Во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената  стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20.0 %, во железничкиот превоз за 40.6 %, додека во воздухопловниот  превоз зголемувањето изнесува 10.3 %.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е  зголемено за 31.6 %, во железничкиот превоз е намалено за 1.4 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето  изнесува 15.5 %.