Актуелно 08.08.2018 10:40

За 21% зголемен бројот на патници во авиосообраќајот

За 21% зголемен бројот на патници во авиосообраќајот

ТАВ Македонија објави зголемување на бројот на патници во авиосообраќајот. Од месец јануари заклучно со месец јули 2018 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид,  превезени се вкупно 1 315 206 патници што претставува зголемување од  21 % споредено со истиот период во 2017 година. Само во јули низ двата аеродроми поминале 273 623 патници што во споредба со месец јули 2017 година кога имало 230 288 патници е зголемување од 19%.