Финансии 05.09.2023 10:16

Колкави се бруто платите на лекарите и медицинските сестри во светот

Колкави се бруто платите на лекарите и медицинските сестри во светот

Ве интересира колку заработуваат лекарите и медицинските сестри во одделни земји во светот? Разликите се големи, пишува Дневник.хр.

Така, просечната месечна бруто плата на лекар во Ирска во 2021 година била 15.664 евра. На второ место се најде Исланд со просечна бруто плата од 14.742 евра, а на трето Холандија со 14.654.

Во Хрватска таа сума изнесуваше 3.768 евра – со што Хрватска се најде само на 17. место. Под Хрватска се Словачка со 3,735 и Грција со 3,692 евра.

Од друга страна, просечната месечна бруто плата на медицинските сестри во Луксембург во 2021 година изнесувала 9.674 евра. На второ место е Исланд со просечна бруто плата од 6.777 евра, а на трето е Белгија со 6.575 евра.

Во Хрватска таа сума изнесуваше 1.572 евра, со што Хрватска се најде на 24. место. Под неа е само Унгарија, каде просечната бруто плата е 1.538 евра.