4 големи поединечни акционери има во „Бетон“ и сите се домашни компании, а еден од чеворицата олеми акционери ги продаде своите акции.
Кој е „продавачот“ наскоро ќе дознаеме .
Имено, официјалните податоци од тргувањето на Македонската берза покажаа дека една од четирите фирми кои поседуваат по или над 19,5 отсто од акциите со право на глас во штипската градежна компанија „Бетон“ во петокот ги продаде своите акции.
Во три трансакции беа истргувани вкупно 8.225 акции со право на глас во штипски „Бетон“ за сума од четврт милион евра односно за 15,5 милиони денари. Секоја од акциите беше истргувана по цена од 1.886 денари.