Мозаик 31.10.2018 18:41

Колку дена трае идеалниот одмор?

Колку дена трае идеалниот одмор?

Ден-два не се доволни, а повеќе од две недели се премногу.

Ова беше откриено од страна на фински експерти кои се фокусираа на одговорот на прашањето колку трае идеалниот одмор.

Ако одлучите да се одморите за ден или два од работата, ова не е доволно за да го исклучите вашиот ум од режимот на работа и да го „наштимате“ на режимот за одмор, посочуваат научниците, цитирани од британски „Metro“.

Ако одмарате над две недели, сепак, тогаш почнувате да се грижите за работата, што се ќе се натрупа во канцеларијата, и се прашувате како ќе успеете да се справите со тоа.

Колку долго трае идеалниот одмор?

Според научниците, треба да се одморите помеѓу 8 и 11 дена за да се ослободите од стресот од канцеларијата.

Нашето здравје и ментална состојба остро се подобрува по почетокот на одморот, но кулминацијата на овој процес е на осмиот ден од нашиот одмор.