Еден ипол милијарда евра би чинела новата железничка брза траса Скопје-Ниш. Овие пари, бидејќи ги немаме, ќе ги бараме од Европската унија. Според проектот, предвидено е патувањето да трае околу два часа, што би било изводливо само доколку се изгради комплетно нова пруга со Србија. Возот ќе патува 160 километри на час, за да стаса за два часа.
Според пишувањата на медиумите, доколку годишно се градат по десет километри пруга, за шест години би можела да биде завршена изградбата.