Актуелно 30.07.2018 14:40

Колку ќе чини референдумот?

Колку ќе чини референдумот?

Референдум ќе има, но колку ќе не чини? Иако Владата ја разгледа и ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, за да обезбеди пари за оваа намена, детали за тоа колку пари ќе се потрошат точно, засега од Владата не соопштуваат.

„Целта на оваа предлог – одлука е прерасперееделба на средства помеѓу буџетски корисници за да се обезбедат средства за спроведување на референдум на државно ниво во 2018 година, откако одлуката за референдум ќе биде донесена, соопштија од Владата без да прецизираат детали.

Кога се планираше буџетот за годинава, немаше план за референдум, па парите ќе се обезбедат сега дополнително. Од Министерството за финансии минатат недела изјавија дека не се планира ребаланс на буџетот, се уште, затоа што приходите биле задоволителни. Инаку во првата половина од година Владата успеа да потроши само 16,6 отсто од капиталните расходи кои ги предвиде за оваа година. Дали и тие ќе настрадаат со евентуален ребаланс, или поместување во ставките ќе има само со пренамена, најверојатно ќе се знае деновиве.

Инаку, организација на парламентарни, локални и претседателски избори досега чинело од 2,5 до 7,5 милиони евра, па се очекува трошоците да изнесуваат во овие рамки. Изборите кои беа орагнизирани во 2016 година чинеа околу 7,5 милиони евра.

Најнови вести