Кинескиот „Hisense“ до вторникот , кога истече рокот на неговата понуда за превземање на Горење, презеде 94 проценти од акциите на тој произведувач на апарати за домаќинство, пренесува пословни дневник.
Понудата оа 12 евра по акција меѓу останатите ја прифатиле државниот фонд „KAD“ и јапонската корпорација „Panasonic“ , која пред неколку години го презеде сопственичкиот пакет од 10 посто, а поголемиот дел од малите акционери.
Според понудата за преземање по цена од 12 евра за акција, која кон крајот на мај ја објави „Hisense“ вкупната пазарна капитализација на Горење изнесува 293 милиони евра.
Аналитичари од Словенија наведуваат дека тоа е широкоградна понуда на кинеската фирма која со оваа аквизација сака да го осигура присуството на европскиот пазар на електроника и апарати за домаќинство преку брендот на Горење, и не очекуваат поголеми промени во управата на фирмата.
Приходите на концернот од Словенија лани изнесувале 1,307 милијарди евра, што е раст за 3,7 проценти, но нето добивката е намалена од 8,4 милиони евра во 2016-та на 1,2 милиони евра во 2017-та.