Навивачката група Комити се обрати по гласањето на уставните измени.
Тие со остра порака се обратија до пратениците кои гласаа ЗА. Нивната порака ја пренесуваме во целост:
„Нашата мајка штотуку беше силувана од 81 манијак, силувањето беше координирано од 1 организатор плус 1 директен помагач за надворешна употреба, плус 39 воајери, нејзини синови и ќерки, неми посматрачи на овој гнасен чин на групен инцест.
Сите ќе одговараат пред судот на народот! Ни во гробовите нема да имаат мир, нивните имиња и презимиња ќе бидат погрдни зборови од најпоган вид, клетви од најстрашен вид, нивните ликови ќе бидат користени како карикатури, како црни ликови во човечката историја кои го продадоа својот род, калаштури врз чие тело е исфрлан секретот на најгнасното што постои и што го гази ова наше парче земја, секрет на душмани…
Пронајдете го мирот браќа и сестри Македонци, немојте да очајувате, тешко е, боли, корне, пече, не се издржува, но пронајдете сила во себе и успокоите се, затоа што отпорот сега започнува…Од денес, сите оние кои се дрзнаа да дигнат рака или стиснат копче кое значи бришење на она што е креирано, создавано, за што сме се бореле, гинеле низ вековите, она со што сме се идентификувале, гордееле, го бришат, го негираат, му уринираат, повраќаат, исплукуваат се народни непријатели…
Не предадовте! Предавство не простуваме! Сега ќе се насмевнете, затоа што се чувствувате безбедни, но ќе се смени се наскоро…почекајте, ќе се уверите…
Обединете се Македонци, сплотете се, Македонија ќе живее се додека има и еден Македонец“-порачуваат Комитите.