Актуелно 30.08.2018 10:56

Коовскиот државен врв на ненајавен состанок во Собраниетo

Коовскиот државен врв на ненајавен состанок во Собраниетo

Косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на Собранието Кадри Весели и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши се собраа претпладнево на состанок во косовското Собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, не е соопштено за поводот и темата на оваа ненајавена средба на државниот врв.

Истиот состав, пред неколку недели, ја сочинуваше косовската делегација која престојуваше во официјална посета на Брисел.