Тензично во Косово и денес. Косовската Влада иако ја откажа посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ поради безбедносни причини, првиот човек на Србија одлучи да продолжи според планираното.
И покрај поставените блокади на патиштата, тој одлучно тргна кон селото Бање, но беше запрен од косовската полиција.
Претседателот Вучиќ бил запрен од косовската полиција и му бил забранет понатамошен пат кон селото. Во тек се, како што јавуваат српските медиуми, расправии меѓу претседателот и полицијата.
Косовската полиција го известила Вучиќ дека блокадите се на два километри пред нив и дека не е безбедно да го продолжи патот.
Вучиќ и неговите соработници излегле од автомбилите и пеш се упатиле кон блиска куќа каде треба да одлучат што ќе се прави понатаму.
Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее.
– Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат.