Финансии 06.07.2018 11:23

Кралот на бурекот

Кралот на бурекот

Oд бурек може добро да се живее, особено ако тој е квалитетен и се најде добар пазар за него. Пекарата Печјак во Словенија сето тоа го има во совршена комбинација, а кога е тоа така и вработените се среќни.

Приказната за бизнисот на Силвестер Печјак ја пишува хрватски Ескперес, во која се вели дека во последните години пекарата брзо го зголемила извозот. Лани во странство (Авсрија, Германија, Холандија…) извезле производи во вредност од четири милиони евра, од вкупно 33 милиони евра приход од продажба.

Најголемо зголемување има на пазарот во Хрватска, каде и основале фирма-ќерка.

„Во последните три години продажбата во Хрватска порасна на 2,7 милиони евра. Исто така, се повеќе извезуваме во Шведска и во Австрија, а нашата работа се успорува во Хрватска. Сега планираме да се зголемиме на германскиот пазар, па затоа таму отворивме канцеларија“, вели Силвестер Печјак кој семејниот бизнс го води од својата 26. година, а годинава наполнил 40.

Негова цел е да оствари приход од 35 милиони евра, па после може да оди во пензија.

Тој објаснува дека во последно време добро им оди продажбата, а биле подготвени навреме да реагираат со барање нови пазари затоа што знаеле дека губат со продажбата на Меркатор на Агрокор. Тие биле против тоа, но….

Во Словенија остваруваат 30 отсто приходи од продажба на трговците.

Меѓу посебните достигнувања на пекарата Печјак е што станале најголеми производители на бурек на Балканот. Нивната главна предност е што користат најдобри состојки и помалку масти, а во исто време нивниот бурек има повеќе фил.

Оваа пекара е исто така позната и по тоа што имаат плати значително над просекот во индустријата и над просекот на плати во Словенија – лани достигнале бруто 1.757 евра. Редовно делот од дбивката го делат со вработените.

„Во нашата индустрија не можеме да си дозволиме големи плати, но се придржуваме до начелото дека квалитетни и задоволни вработени можат да направат подобри производи кои имаат повисока цена“, вели Печјак.

Лани оствариле нето добивка од 1,5 милиони евра, но годинава очекуваат дека таа ќе биде помала зашто трошоците за плати драматично се зголемуваат.