Финансии 12.06.2018 12:11

Криптовалутите изгубија 42 милијарди долари од пазарната вредност во текот на викендот

Криптовалутите изгубија 42 милијарди долари од пазарната вредност во текот на викендот

Распродажбата на криптовалутите во 2018-та година продолжува, а само минатиот викенд тие изгубија 42 милијарди долари од пазарната вредност. Ова, за возврат ја зголеми уште повеќе депресијацијата на биткоинот, а само од почетокот на годината монетарната единица изгубила над 50% од својата вредност.

Според некои аналитичари, падот од крајот на минатата недела е поврзан со хакерскиот напад врз берза во Јужна Кореја, додека според други се должи на тековните санкции против платформи во Кина, соопштува „Bloomberg“.

Платформите за криптовалути се наоѓаат под зголемен притисок на многу места во светот во последните месеци поради низа проблеми поврзани со кражби, манипулација на пазарот и перење пари.

Од петокот попладне според њујоршко време биткоинот изгуби 12% од својата вредност и за време на попладневната трговија во Хонг Конг во понеделникот цената му беше 6.765 долари. Така, амортизацијата на валутата од почетокот на годината изнесува 53%.

Повеќето други криптовалути исто поевтинија, со што пазарната капитализација на овие валути на глобално ниво се намали до близина на двомесечниот пад од 298 милијарди долари, според податоците на „Coinmarketcap.com“. Во „бумот“ на криптовалутите во светот во средината на јануари, нивната вкупна вредност изнесуваше околу 830 милијарди долари.

Ентузијазмот за криптовалутите испари делумно поради серијата на кражби вклучувајќи на износ од 500 милиони долари од јапонската берза „Coincheck Inc.“ на крајот од јануари. Додека најновиот напад на Јужнокорејската платформа „Coinrail“ е многу помал, но информациите поттикнаа нов пад.

Според Стивен Инс од „Oanda Corp.“ во Сингапур пазарот се „мачи“ со слични кражби, бидејќи „ако тоа може да случи на А, тоа ќе се случи и на Б и ќе се случи и на В“. Според него, падот, исто така, може да биде поврзан со ниската ликвидност на пазарот во текот на викендот.

Во соопштението на нивниот веб-сајт, „Coinrail“ рече дека дел од дигиталната валута беше украдена од хакери, но никакви детали не се специфицирани. Според платформата, 70% од криптовалутите што ги поседува се обезбедени без интернет пристап. Украдената сума беше во „NPXS“, „NPER“ и „ATX“ монети.

Во исто време во Кина стана јасно дека владата ќе продолжи да се бори против нелегалните основачи и ризиците поврзани со интерент финансиите, соопшти претставник на Шангајската гранка на централната банка во земјата. Според неговите зборови, расчистувањето на придонесите за примарните монети и биткони платформи е речиси целосно завршено.