Мозаик 11.06.2018 13:41

Купил 4 телевизори да го гледа Мундијалот, жена му го тужи

Купил 4 телевизори да го гледа Мундијалот, жена му го тужи

Жителка на Израел го тужи својот сопруг поради тоа што во пресрет на фудбалскиот Мундијал во Русија, купил четири нови телевизори.

Израелецот сака на „раат“ и со големо внимание да ги следи натпреварите и и се заканил на сопругата доколку се обиде да го спречи во тоа.

Од друга страна, жената не сака нејзиниот стан да се претвори во „бучен машки клуб“ и го замоли нејзиниот сопруг да се пресели кај нивните родители додека трае Светското првенство. Човекот одби да се исели и и се заканил на сопругата дека ќе скрши телевизор од нејзината глава, ако таа ќе го спречи да ужива во игрите.

Светското првенство започнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули. Останува да почекаме да дознаеме дали жената ќе му се меша на мажот во гледањето на Светското првенство.