Најголемиот производител на цемент во светот „LafargeHolcim“ ги зголеми прогнозите за приходите од продажбата за 2018-та година, но ги намали оние за профитот, откако објави подобар од очекувањата финансиски извештај за третиот квартал, соопштува „Ројтерс“.
Швајцарската компанија изјави дека сега очекува годишните приходи да се зголемат со 4 до 6%, додека претходната прогноза беше за раст во опсег меѓу 3 до 5%.
Повисоките трошоци сепак за гориво и суровини значат дека компанијата сега очекува профитот пред каматата, депресијацијата и амортизацијата да порасне за меѓу 3 и 5% во оваа година во однос на претходните прогнози за „најмалку 5%“.
Главниот извршен директор Јан Јениш спомена „стрмна инфлација на трошоците“, со која се бори компанијата, зголемувајќи ги цените, засилувајќи ги програмите за ефикасност и зголемување на обемот на продажбата.
Главните производствени трошоци на „LafargeHolcim“ се за суровини, гориво и електрична енергија, како и за персоналот.
За третиот квартал „LafargeHolcim“ забележа раст од 8,1% на профитот пред каматите, даноците, депресијацијата и амортизацијата до 1,87 милијарди франци (1,87 милијарди долари), надминувајќи ги прогнозите за 1,78 милијарди франци во анкетата меѓу аналитичарите на „Ројтерс“.
Нето продажбата се зголеми за 5,8% на годишна основа до 7,36 милијарди франци, што исто така е малку над прогнозите. Компанијата вели дека очекува раст на продажбата да продолжи и во четвртиот квартал, помогнат од тековните добри перформанси во Северна Америка и силните пазари во Европа.
Проблемите поврзани со зголемувањето на трошоците во секторот на градежни материјали, станаа уште појасни во текот на минатата недела, кога германскиот конкурент на „LafargeHolcim“ – „HeidelbergCement“, ги намали насоките за добивката за 2018-та година, со што акциите поевтинија со 10% до речиси 4-годишно дно.
„HeidelbergCement“ повикувајќи се на повисоките од очекуваните трошоците за енергија и трајно лошото време во САД за намалувањето на насоките. Северна Америка формираше повеќе од една третина од резултатите на групата.