Додека директорот на „Идризово“ ги фали условите во затворот откако тој го раководи, затвореник жив изгоре во него во пожар.
Вчера околу 20:40 часот во затворот Идризово било пријавено дека во просториите на затворот избувнал пожар. Како последица на избувнатиот пожар во затвор, животот го загубил затвореник на возраст од 38 години со иницијали А.Л. и многу други затвореници се евакуирани, пренесува Алсат М.
Констатирано е дека еден од затворениците бил посериозно повреден и веднаш со возило на Брза помош бил испратен на Клиниката Мајка Тереза во Скопје, но лекарите од болницата не можеле да сторат ништо друго освен да ја констатираат неговата смрт. Истражниот тим ги прави сите проверки за да ги дознае причините кои доведоа до предизвикување на пожар во просториите на затворот, додека телото на починатиот е предадено за аутопсија, додава порталот.
Директорот на затворот, Боби Мојсовски пак, во интервју за Мкд.мк, вели дека „Идризово“ кончено почнал да личи на затвор и ги пофали условите кои ги имаат затворениците во него.