Актуелно 27.07.2018 11:50

Лани 583 илјади Македонци ја посетиле Бугарија, 396 илјади Бугари дошле во Македонија

Лани 583 илјади Македонци ја посетиле Бугарија, 396 илјади Бугари дошле во Македонија

Бугарија лани ја посетиле 583.026 македонски граѓани, а 396.450 Бугари престојувале во Македонија, покажуваат податоците на Бугарскиот национален статитички институт.

Само во јуни годинава, пак, 45.818 македонски државјани биле во Бугарија од кои 37.807 во туристичка посета, 2.851 биле службено, а 5.160 поради други цели.

Македонија во јуни ја посетиле 49.179 бугарски граѓани, од кои 22.276 поради туризам, 12.254 службено, а 14,199 од други причини.