Актуелно 14.12.2018 22:23

Лашкоска: Дали власта планира да организира претседателски избори без антикорупциска комисија?

Лашкоска: Дали власта планира да организира претседателски избори без антикорупциска комисија?

– Власта организираше референдум без постоење на антикорупциска комисија, за да конкурсот го и распише на веднаш по завршување на референдумот, дали одолговлекувањето се прави намерно? Законот го нема поминато првото читање и ако ја гледам агендата на Собранието до завршување на годината нема шанси да биде донесен новиот закон со кој што ќе се избере антикорупциска комисија, вели Лашкоска.

Таа потенцираше дека законот кој намерно се кочи и е во собраниска процедура нема да ги реши проблемите со кои се соочува Република Македонија на полето на корупцијата и затоа неопходно е амандмански да се интервенира на него, бидејќи вака како што е, многу е лошо законското решение.

Корупцијата е еден од најраспространетите облици на криминал кој што задира во целокупниот економски политички и општествен систем во државата. Секојдневно слушаме и сме сведоци на корупциски скандали, кои што дел ги обелоденува опозицијата дел медиумите, а работата на антикорупциска е да открие дали навистина има корупција. Изминаа 9 месеци без антикорупциска а како тргнало не сум оптимист и може да помине повеќе од година а државата да нема формирано ваква комисија, нагласи Лашкоска.