Актуелно 13.11.2018 19:47

Лашкоска до СДСМ: Дали ја покривате неспособноста на градоначалниците кои што во моментот се на чело на општините во Република Македонија

Лашкоска до СДСМ: Дали ја покривате неспособноста на градоначалниците кои што во моментот се на чело на општините во Република Македонија

-Дали ја покривате неспособноста на градоначалниците кои што во моментот се на чело на општините во Република Македонија, ја покривате нивната неспособност за менаџирање или пак од друга страна дали со овој предлог законско решение се покрива неспособноста за менаџирање на Владата на Република Македонија затоа што бројките покажуваат дека годината ќе се заврши со катастрофални податоци, надополни со прашањата пратеничката Лашкоска.

Пратеничка Лашкоска порача дека коректно било Владата  да каже дека потфрлиле во реализацијата на капиталните инвестиции, и тоа го прават за да ја покријат својата катастрофа во работењето.

-Бидејќи за цела една година СДСМ и владата на СДСМ реализирала само 27 проценти на капитални инвестиции, а буџетот е полн пари кои беа предвидени за тие капитални инвестиции коишто останаа нереализирани и сега оваа влада наоѓа соломонско решение што да прават со тие пари и тие пари да ги префрлат на општините за покривање на долгови.

Таа истакна дека со овој закон, Владата 90 милиони евра неискористени средства предвидени за капитални инвестиции ги пренаменува, а од нив од тие 90 милиони евра, 50 милиони ги префрла на општините за покривање на долгови. Имено за ова таа порача дека ова е невидена „иновација“.