Финансии 19.11.2024 14:13

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето

Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година. Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„До година преку МЗШВ продолжуваат активностите за рехабилитација и модернизација на системите за наводнување, проширување на постоечките и изградба на нови системи за наводнување.

Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и ХМС Равен – Речица, Полог.

Се предвидува рехабилитација и изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско, ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар. Со поголема достапност на вода за наводнување до земјоделците, го правиме земјоделското производство поконкурентно и порентабилно“-додаде во изјавата.

Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за подобро земјоделие и враќање на достоинството на земјоделецот, Лефков.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.