Поранешниот пратеник и заменик министер за економија, а денес успешен менаџер Зоран Витанов на гостувањето во „24 Анализа“, каде соговорници му беа Трифун Костовски и економскиот советник на Заев, проф. Ванчо Узунов, зборуваше за начинот на кој власта го „решава“ проблемот со името, нарекувајќи го „инфантилен и мутав“. Според една од аналогиите на Витанов, „ако не и оди на фирмата, не го менувате името за да и тргне, туку магационерите како Али Ахмети и Амди Бајрам“.