Предметот, како што е најавено, ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа.
На уметниците кои ја предводеа „За заедничка Македонија“ им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а на сторителите на најгрозоморното повеќекратно убиство им се закажува едно рочиште откако претходно беа ослободени од првичната пресуда.
Оваа слика во македонското судство е вистинско лицемерие и голем скандал каков правдата досега не познава.
Во судските клупи повторно се враќаат Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Илија Славковски, Јане Ченто, Митко Чавков, Елена Доцевска, Абдуљафет Алими, како и пратениците Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.
Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случај, случај каде целта е одмазда кон политичките неистомисленици на власта.
Во овој случај за тероризам се обвинети пратеници, уметници, еден од најдобрите оперски пејачи не само кај нас туку и во светски рамки, додека како што се коментира во јавноста вистинските терористи се пушти на слобода.
Таков е примерот со обвинетите од случајот „Монструм“, чие дело е вратено од почеток за одлучување, иако тие беа осудени на доживотни казни затвор претходно, а сега се бранат од слобода. Тие беа веќе осудени за петкратно убиство на велики четврток, пред Велигден.
Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.
За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Двајцата првоосомничени се во бегство во Косово.
Косово не ги екстрадира, а премиерот Зоран Заев не превзема ништо околу тоа. Ова не беше ни тема за разговор меѓу македонскиот премиер и неговиот колега и пријател Харадинај, кои заедно пиеја вино во Камник.
Македонија е единствената земја во Европа каде во моментов им се суди за тероризам на шест опозициски пратеници. Народниот правобранител констатираше дека при приведувањето на пратениците се случи прекршување и непочитување.
-При приведувањето на тројцата пратеници, на 28 ноември 2017 година повредено e правото на пратенички имунитет и начелото на пресумпција на невиност поради непочитување на Правилникот за начинотнавршење на полициски работи од страна на полицијата, истакна народниот правобранител, Иџет Мемети.
-Неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на членот 19 од Правилникот за начинот на вршење на полициски работи, според кој ‘доколку лицето кое се приведува се повика на статусот имунитет, полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.’ Доставена е и препорака до министерот за внатрешни работи, со која се бара да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници на 28 ноември 2017 година, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците“, истакна правобранителот, нагласувајќи дека е потребно да се постави и прашањето зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет, без претходно да им биде одземен имунитетот.
Потоа, откако беа апсени насилно пред очите на сопствените деца, под водство на пратеничката група на СДСМ и собранискиот спикер Талат Џафери, на овие пратеници им беше одземен имунитетот.