Актуелно 30.10.2018 23:45

ЛИДЕР: Градоначалникот на Крива Паланка си ја унапредил сопругата

ЛИДЕР: Градоначалникот на Крива Паланка си ја унапредил сопругата

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, деновиве преку интерен оглас во Општина Крива Паланка си ја унапредил сопругата. Таа е вработена во Општинската администрација на работно место соработник, а е унапредена во работно место виш соработник, место кое согласно Законот за државни службеници носи поголема плата, пренесува ЛИДЕР.

Оваа вест со разочаруваање ја примија кривопаланчани бијдеки Мицевски како опозиционер беше најголем критичар на ваквите постапки, но очигледно критиките важат само кога Мицевски е опозиционер, а кога е градоначалник важат други правила и принципи.

Покрај овој скандал, деновиве помеѓу кривопаланчани наголемо се коментира и доделувањето на стипендии од Општина Крива Паланка за талентирани спортисти и ученици. Наместо стипендиите да бидат доделени на репрезентативци и спортисти кои настапуваат во реномирани клубови во Републукава и странство, стипендиите ги добија покрај неколкуте други и две деца на еден локален функционер поставен директно од страна на градоначалникот Мицевски.

Очигледно е дека политките на СДСМ од централно се рефлектираат и на локално ниво, каде што наместо на реализација на ветената програма во предизборието и решавање на пробемите на граѓаните, фунционерите на СДСМ се посветуваат на меѓусебно доделување на привилегиите засебе и за своите блиски, додека граѓаните се оставени сами на себе секојдневно да се справуваат со нивните предизвици.