Мери Поповска, мајка на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола – објави „Лидер“.
Генералниот секретар на владејачката партија, жестоко се ангажирал за вработувањето на неговата баба, па дури во интернатот измислиле ново работно место кое досега не постоело.
-Мери Поповска, бабата на Кирацовски е вработена на позицијата „секретар на ДУД Мирка Гинова“, позиција која до сега не постоеше во нашата институција. Кирац е секретар на СДСМ, а таа кај нас. Колегите шпекулираат дека од министерството и обезбедиле и дебела плата. – откри утринава за Лидер, вработен во интернатот чиј идентитет и е познат на редакцијата, но не го откриваме на јавноста за да не сноси последици од менаџментот.
Информацијата ни беше потврдена уште од неколку извори од Битола. Според кажувањата на битолчани, Мери Поповска е постара госпоѓа, на која зетот и обезбедил достоинствено работно место со солена плата во државната администрација, на неколку години пред нејзиното пензионирање.
Во јавноста се шпекулира дека токму Кирацовски е одговорен за партиските вработувања во СДСМ. Претходно медиумите открија дека фризерката на генералниот секретар на СДСМ е вработена во државната компанија МЕПСО за неверојтна плата од 43.900 денари иако не го поседува потребното образование и единствено има завршено курс за фризер. Покрај фризерката, еве, Кирацовски си ја вработил и бабата.
Минатата недела излезе скандалот со сестрата на министерот за Економија, која исто така беше вработена во МЕПСО.