ЕУ едногласно го одобри договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ и политичката декларација.
Европската унија соопшти дека 27-те лидери го одобриле договорот за повлекување на Велика Британија од Европската унија како и политичката декларација за односите во иднина.
Ова го соопшти претседателот на Советот на унијата Доналд Туск по денешниот вонреден самит на европските лидери кој не траеше ниту еден час.