Економија,Живот 10.10.2018 23:00

„Лидл“ ги отвора своите први супермаркети во Србија

„Лидл“ ги отвора своите први супермаркети во Србија

Германскиот трговски ланец „Лидл“ утре ќе ги отвори своите први 16 супермаркети во 12 градови во Србија, во кои се вработени над 1.500 лица.

Почетокот со работа на познатиот трговски ланец на супермаркети во Србија, ќе го означи српскиот претседател Александар Вучиќ со свечено отворање на една од продавниците во Белград.

Како што е најавено, граѓаните во овие супермаркети првпат ќе можат да купуваат над 1.500 производи на брендот „Лидл“ и 350 производи од Србија.

Супермаркетите на „Лидл“ се градени според постоечките стандарди на овој познат трговски ланец, а во Србија утре, меѓу другите градови, ќе бидат отворени продавници во Белград, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и Сомбор.

„Лидл“ има над 10.000 продавници во 27 земји во Европа и САД.