Живот 13.06.2018 11:57

„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

Во Нова Пазова денеска е отворен логистички центар на компанијата „Лидл“. Претставници на
германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во
Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.

Во центарот во Нова Пазова, со површина од 45.000 метри квадратни, работат 180 луѓе.
Логистичкиот центар е отворен во присуство на претседателот Александар Вучиќ, министерот за трговија
Расим Љајиќ, претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ и германскиот амбасадор Аксел
Дитман.
Генералниот директор на компанијата „Лидл Србија“, Томислав Шапина рече дека целта на „Лидл“ е во
Србија, како и во другите земји, да се понуди свежа и квалитетна стока по најповолни цени.
– Нудиме и добри работни услови и соодветен надомест во пријатна атмосфера, рече Шапина.
Вучиќ посочи дека „Лидл“ во логистичкиот центар во Нова Пазова инвестира 55 милиони евра.