Живот 17.10.2018 17:48

Листа на најдобри земји за странски работници

Листа на најдобри земји за странски работници

Сингапур беше прогласен за најдобра земја за странските работници веќе четврта година по ред.

Земјата е лидер во последната студија на „HSBC“ за најдобрата земја за странски работници, во се вклучени 22.318 луѓе од 163 различни земји.

Од учесниците во студијата се бара да ги рангираат земјите врз основа на три различни категории – економија, начин на живот и семејство.

Сингапур е на првото место со висок резултат во економската категорија. Според истражувањето, речиси половина (47%) од учесниците рекоа дека се преселиле во Сингапур за да ги подобрат своите кариери.

Просечната плата во Сингапур изнесува 162.000 долари, или 56.000 долари повеќе од светскиот просек, според „HSBC“.

Според резултатите од истражувањето, животот во градот-држава може да биде стресен. Вкупно 46% од вработените велат дека нивоата на стрес во државата во Јужна Азија се повисоки од нивните матични земји.

Швајцарија е најдобра земја за живеење во странство, ако сакате да заработите повеќе пари, просечната плата на странците што работат таму е 202.865 долари.

Високиот стандард на живеење во Сингапур исто така е проблем за некои странски вработени, при што двајца од четири велат дека не можат да си дозволат да купат дом во градот.

Во исто време, Сингапурците кои заминале во странство велат дека уживаат во подобрата рамнотежа помеѓу работата и животот, при што 50 отсто од нив велат дека постигнале лично задоволство од работата во друга земја.

Еве ги 10-те најдобри земји за работа за странските вработени:

10. Обединети Арапски Емирати (ОАЕ)

Обединетите Арапски Емирати сè уште имаат многу високо платени позиции за странските вработени, кои обично се млади.

Сепак, културата значително се разликува од западната. Исламските традиции и идеали ја прават земјата многу конзервативна, со строги правила на однесување на јавни места. Јазикот е тежок за многу странци кои едвај се дружат со локалното население и се интегрираат.

9. Тајван

„HSBC“ го сумира следново: „Тајван може да биде најдобро чуваната тајна во светот на вработените во странски земји“.

Платите таму не може да бидат екстремно високи, но трошоците за живот се ниски, што значи повеќе расположливи приходи, инвестиции и помалку долг. Речиси половина од оние што се преселија во Тајван тврдат дека овој потег им помогнал да го зголемат нивото лично богатство.

Ако мислите да работите таму, подобро би било да научите мандарински или кантонски. Речиси 60% од странските вработени во Тајван зборуваат еден од овие два јазика, покрај англискиот јазик.

8. Швајцарија

Животот во Швајцарија е прилично добар. Освен Алпите, скијањето, храната и чоколадата, зборуваме за земја која се рангира прва во категоријата – економија.

Просечниот приход на странските вработени изнесува 144.748 долари. Се разбира, високите плати се неопходни, бидејќи сè таму е поскапо.

А сериозна причина за високото рангирање на Швајцарија е нејзината природа, која нуди многу активности, како во лето, така и во зима. Покрај тоа, патувањето е многу прифатливо. Земјата е многу бликсу со воз од дестинации, како што се Франција, Германија и Италија.

7. Шведска

Странците што работат таму предупредуваат за „HSBC“ дека е потребно време да се навикнат на земјата. Атмосферските услови можат да бидат тешки, а луѓето се „ладни“ додека не ги опуштите.

Меѓутоа, студената зима има најдобар баланс помеѓу работата и слободното време во светот и вториот највисок рејтинг за безбедност на работното место. Земјата е исто така најдобро место за згрижување во светот, благодарение на ниската цена и високиот квалитет на грижата за деца.

6. Австралија

„Австралија им нуди на странските работници таков висок квалитет на живот што не сакаат да си заминат“, според „HSBC“.

Учесниците во студијата велат дека квалитетот на животот таму е висок. Речиси 75% велат дека живеат поактивно отколку во своите матични земји. Ова веројатно се должи на доброто време.

5. Бахреин

За разлика од другите земји од Заливот, Бахреин не се потпира исклучиво на нафтата. Земјата инвестира многу во банкарската индустрија и во туризмот, што ја прави одлична дестинација за странските работници кои сакаат да се интегрираат во локалната култура.

„Локалните луѓе ги почитуваат и прифаќаат странските работници на многу пријателски начин“, вели еден странец за „HSBC“.

4. Канада

Канада е одлична дестинација за странските работници кои сакаат да се интегрираат во својата нова култура. Земјата си постави за цел да привлече 1 милион странски работници до 2020-та година.

„Канада е културно разновидна земја. Бидете отворени и толерантни за другите, но задржете ја вашата индивидуалност“, вели еден странски вработен за „HSBC“.

3. Германија

Германија е петта во светот меѓу најдобрите земји за чување на деца од странски вработени. Земјата, исто така има најниско средно ниво на работни часови неделно (26 часа), што е причината над 70% од странските вработени да изјават дека преселувањето во земјата е подобрената рамнотежа помеѓу приватноста и нивната работа.

Германија се смета за многу безбедно место за живеење со многу стабилен политички систем и ниско ниво на криминал.

Странските вработени во Германија сепак се соочуваат со потешкотии со високите трошоци за живот и се жалат од општествениот живот, според „Business Insider“.

2. Нов Зеланд

Нов Зеланд има второ најниско ниво на криминал во светот, според Светскиот индекс на мирот за 2017-та година, и го дели првото место за најнекорумпирана држава во светот.

Во предвид неверојатната природа, не е изненадувачки дека 60% од странските работници кои се селат во Нов Зеланд, го прават со цел подобрување на квалитетот на живот.

1. Сингапур

„Земја каде што е многу лесно да се движи. Можете да уживате во животот на Далечниот Исток, како и на голем дел на работите од животот на Запад“, раскажува странски вработен за „HSBC“.

Сингапур е трет во економијата и петти во начинот на живот. Земјата е особено добра за воспитување на децата.

За да успее човек во Сингапур сепак, мора да се насочи главно кон кариерата, бидејќи резултатите на земјата во однос на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот се ниски. Речиси половина од странските вработени таму известуваат дека стресот на работното место е поголем, отколку во нивните матични земји.

Најнови вести