Актуелно 15.07.2018 01:27

Љубојна го откажа настапот за НАТО во Струмица

Љубојна го откажа настапот за НАТО во Струмица

Етно бендот „Љубојна“ пред два часа го откажа настапот на граѓанската прослава за НАТО во Струмица, организирана од Владата на Република Македонија, дознава Радио СтрумицаНет.

„Љубојна“ беа планирани заедно со „Чалгија Саунд систем“ да настапат на прославата. Од групата „Љубојна“ на својот фејсбук статус напишаа дека ќе настапат, но дека сретствата од настапот ќе ги донираат за третман на болно детенце, но се чини дека се предомислиле.