Мозаик 25.10.2018 22:56

Љубовна приказна налик на бајките

Љубовна приказна налик на бајките

Принцезата Оливера била пред сѐ мудра жена. Повеќе го користела својот памет, отколку убавината и така успеала да стане миленичка на султанот.

Оливера Лазаревиќ е најмладата ќерка на кнезот Лазар и кнегињата Милица. По смртта на Лазар во битката на Косово, кнегињата била принудена својата најмлада, а во исто време и најубава ќерка, да ја даде на турскиот султан Бајазит во харемот.

Одлуката за испраќање на Оливера во харемот ја донел Државното собрание 1389 година.

Српскиот народ, според преданијата, од Крушевац према Дренополе, по патот ѝ разпостиле рози.

А меѓу многу жени во харемот, Оливера станала една од четирите легитимни жени на султанот – кадуна.

Меѓу султанот Бајазит и Оливера се родила љубов. Таа била многу почитувана и ѝ било дозволено да ја задржи својата вера меѓу муслиманите. Својата позиција Оливера ја искористила за помош на српскиот народ.

Најголемиот грев за неа, сепак, е што постојано му шепотела на султанот во корист на нејзиниот брат деспот Стефан Лазаревиќ.

Принцезата Оливера била пред сѐ мудра жена. Повеќе го користела својот ум, отколку убавината и така успеала да стане миленичка на султанот.

Харемот бил сложено, опасно и затворено место, изолиран од реалноста и од надворешниот свет. Само четири хасеќии, како што е пропишано со шеријатот, би можеле да стапат во шеријатски брак и биле наречени кадуни, а ако родат синови баш-кадуна.

Вешто избегнувајќи ги интригите и строгата хиерархија, го нашла својот пат до срцето на Бајазит. Како негова миленичка успеала да ѝ помогне на својата земја. Со ваквото однесување покажала исклучителна дипломатска мудрост.
Благодарение на својата способност и влијанието што го имала над самиот Бајазит, семејството Лазаревиќ заземало поволна позиција на турскиот двор.

Во харемот поминала 12 години, а по враќањето во Србија му била верен придружник и советник на Деспотот, ги предводела политичките и дипломатските односи со отоманското владеење, бидејќи добро ги знаела тамошните владетели.

По битката кај Ангора (Анкара) во 1402 година, каде што татарскиот емир Тамерлан им нанел тежок пораз на Османлиите и го заробил Султан Бајазит, но и Оливера.

Според турската традиција, Бајазит на 8 Март 1403 година во татарско ропство, на крајот, извршил самоубиство поради срамот кој ѝ бил нанесен на Оливера.

Оливера била ослободена од заробеништво во текот на 1403 година, благодарение на посланието кое братот Стефан Лазаревиќ му го испратил на Тамерлан.
Таа се вратила во Србија во 1403 година, а подоцна и трајно се населила на дворот на својот брат, деспотот Стефан во тогашната престолнина Белград. Сѐ до неговата смрт.

Принцезата Оливера повеќе не се мажела и немала потомци. Се верува дека починала по 1444 година, и не се знае каде е закопана.