Мозаик 13.02.2019 17:38

„Луфтханза“ тужи патник затоа што не се качил на лет, му бара 2 000 евра

„Луфтханза“ тужи патник затоа што не се качил на лет, му бара 2 000 евра

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ тужи патник кој не се качил на летот од втората половина од патувањето. Но тужбата не е затоа што патникот бил неодговорен.

Имено, патникот всушност се послужил со итра шема, добро позната во авиоиндустријата како „скриен град“. Патникот резервира лет со застанување во некој град и потоа останува во тој град, без воопшто и да помисли да се качи на летот од вториот дел од патувањето.

Летовите со застанување обично се далеку поевтини од директните летови, кои повеќето луѓе ги преферираат за да заштедат на време. Меѓутоа, тие што сакаат да заштедат пари често го користат овој трик.

Таков бил случајот и со патникот што го тужи „Луфтханза“. Човекот резервирал повратен лет од Осло до Сиетл, со застанување во Франкфурт. Патникот ги искористил сите етапи од патувањето, но не се качил на летот од Франкфурт до Осло. Наместо тоа, фатил посебен лет на „Луфтханза“ од Франкфурт до Берлин.

Така, авиокомпанијата бара компензација во износ од нешто повеќе од 2.000 евра, по основ дека била неправедно изиграна. Тужбата првично беше отфрлена од судот во Берлин, но „Луфтханза“ ќе се жали на одлуката, пренесува CNN.

Најнови вести