Живот 18.09.2018 01:15

Маѓународната изложба на расни кучиња во Белград

Маѓународната изложба на расни кучиња во Белград

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија се презентираше на штанд кој што го посетија огромен број љубители на кинологијата.
На истиот можеа да се добијат секакви информации околу работата на Кинолошкиот сојуз на Р Македонија.
Во дваесетина рингови од раните утрински часови се перчеа и ги покажуваа своите вештини снежно-бели, црни и црвенокоси, чупави, кадрави и разгалени кучиња. Меѓу нив имаше добермани, staford-и, териери, пудлици, ротвајлери, кои во чекор внимателно ги следеа своите сопственицисе и послушно ги извршуваа командите во рингот, додека останатите со нетрпение го чекаат својот ред во кафезите или на поводникот. Лаењата одекнуваа во халата, а во паузите помеѓу оценувањата имаше време и за дружење. Се душкаа, р’жеа едни на други, а за да ги задржат скротени сопствениците мораа да ги поткупат со некој бисквит.
По оценувањето во ринговите, продолжи натпреварот по групи. Во трката за најубав CACIB куче, на цртата со поводник застанаа и гостите од регионот, како и од Русија, Франција, Германија, Белгија и Велика Британија.
Судеа познати и реномирани судии од целиот свет.
Во 5-та FCI група судеше познатата и реномирана судика од Русија, госпоѓата Екатерина Сенашенко, која на македонските кучиња најпрво им додели титули Прваци на раси.